Хрватскиот Јутарњи објави дека имаат увид во нацрт документот на Европска унија за идно проширување на унијата. Документ веќе неколку месеци се одлага за објавување и во него - само една држава е планирана за влез во ЕУ. Таа не е Макаедонија.
Две години во ЕУ, на сите нивоа, проширувањето се дискутира како главен приоритет и се најавува брз влез на нови членки.
Се споменува „новиот моментум“ за проширување, растот на поддршката кај граѓаните за него, создавањето свест дека проширувањето го стабилизира континентот и ја зајакнува благосостојбата. Сепак, погледот на обемот на која земја-кандидат се наоѓа во процесот на интеграција во ЕУ дава сосема поинаква слика.
Само Црна Гора е блиску до завршување на постапката, Албанија постигна јасен напредок, а сите други се во тек. Црна Гора ги отвори сите поглавја од преговорите и затвори 14 од нив. Пред десет дена, ЕУ одлучи да формира работна група за изготвување на договорот за пристапување, што е најјасен знак дека оваа земја навистина би можела да стане членка на ЕУ за неколку години. За другите таа добра вест “за неколку години“ ја нема ни како таква.
Босна и Херцеговина за 9. мај, Денот на ЕУ, доби нејасна порака што се точно и прецизно се очекува од нив, освен општата фраза за “единство“ за да ги отпочне преговорите.
„Се работи многу напорно за да се оствари тоа. Следниот чекор во вашиот процес на пристапување е отворање на преговорите. Можете да го постигнете ова ако успеете да изградите консензус во земјата. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина“, нагласи Кошта во видео порака што заврши со „Да живее Европа“ им порача Антонио Кошта, претседателот нан Европскиот соовет.
Србија од 2014-та има преговори, отворени се 22 од вкупно 34 поглавја и 20 од нив се во фаза со оценка “потребни се повеќе напори“ или се чекање за оценка, а затворени се како задоволителни само две - за образование и култура и другото за наука.
Согласно овој документ и плановите на ЕУ Македонија не е воопшто во план за идно приклучување, а според докумнетот ни за скоро почнување на преговорите иако од ЕУ постојано доаѓаат пораки дека сме “пред врата“ на Унијата, повеќето работи од поглавјата се во ред но, само да ги ставиме Бугарите во Устав, без гаранција дека по исполнување на тој услов нема да има следни, други услови. А Бугарија повеќе патинајави - дека ќе има.
Се друго, освен написмено формулираните планови и одлуки на ЕУ, е политичка приказна за јавноста без никаков политички ефект и македонската јавност треба да го знае тоа. Сега постои и докуменет кој тоа го потврдува. Токму од тие причини од Брисел доаѓаат многу “пораки“ но, никој не става ништо на хартија што би било обврска на ЕУ како што на хартија, и тоа на Уставен документ, се бара од Македонија да ја релативизира сопствената државност а ни тоа не е доволно и гаранција дека прегоорите ќе почнат - без нови услови кои не важат за другите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата