Општо познатиот е фактот дека со СДСМ не раководат луѓе кои ги избрале членовите, партијата, туку соросидите кои останаа без донации, фондации и без работа и како такви се целосно неупатени и неписмени во политиката.
Тој факт е уште еднаш е покажан со сите свои последици во настапт на Јон Фрчкоси, синот на Љубомир Фрчкоски, кој остана без работа фатен како на работно емсто шрка “бело“ по што беше примен во раководтсвото на СДСМ како пример за младите и иднина на СДСМ.

СДСМ, во ваква состојба, нема ниту еден политички план или критика со конкретни примери и факти туку нивната дејност се состои во повторување општи фрази дека немаме преговори со ЕУ заради актуелната власт а СДСМ потпишна таен договор со Бугарија со кој се запираат сите преговори во иднина бидејќи можат да почнат и продолжат само со целосно прифаќање на бугарското вето и диктат.
Советот на Европа, пред само неколку дена, јавно оцени дека Македонија успешно ги исполнила сите потребни услови и критериуми за почеток на преговорите но, тоа за СДСМ - нема значење. Наспроти тој официјален европски заклучок и документ стојат нивните “оценки“ и “впечатоци“.
Па така СДСМ премиерот на Унгарија го нарекува “диктатор“, а Унгарија е држава која е членка на ЕУ. До скоро истото го тврдеа и за поранешниот словенечки премеир Јанша, не се воздржуваа но за Австрија ниту за неколку италијански министри од десницата во владата на Италија.
Новата мантра на СДСМ, поттикната од соросоидите во таа партија, е дека Македонија е изолирана и проруска. Тоа би требало да пали во Брисел и да го изберат СДСМ повторно да добие власт без избори во Македонија, а тие ќе ја исчитат државата од “русофилија“.
Овој свој “впечаток“ ,секако повторно без ниту еден конкретен доказ или факт, последен го повтори - Јон Фрчкоски.
- Изолираноста на Македонија во моментов плаши, затоа што таа само ќе се продлабочува и на ниеден начин нема да го спречи иселувањето, ниту ќе ги врати младите. Напротив. И покрај изјавите на премиерот дека млади се враќаат тука со авиони, прашањето е дали воопшто има визија за нивната иднина тука, додаде рече Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ, во гостувањето во емисијата Стадион во Канал 77.
Изјавата е дадена на радио па не е можно да се утврди количеството на “бело“ кај Фрчкоски во момнетот ан зборување.
Во контекст на надворешната политика, Фрчкоски истакна дека во однос на стратешкото партнерство со САД денес сме подалеку од било кога досега
- Партнерството со САД отсекогаш било исклучително важно за Македонија. Но, имам впечаток дека, од она што е во периметарот, денес сме подалеку од било каква поддршка и партнерство отколку било кога. Немаме конкретни односи, туку шетање по ходници на премиерот од кои не добиваме ништо. Во Давос немаше средба со сериозен лидер, а истовремено декларативно гаиме симпатии кон САД, додека сме на една друга, дури ни европска линија, која во јавната комуникација многу пати ја споменуваме. Тоа е оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, која на крајот не завршува кон Запад и САД, туку веројатно кон Москва, рече Фрчкоски
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата