Премиерот Мицкоски изјави дека на првата седница на владата по Велигден ќе се донесат нови мерки кои ќе бидат таргетирани, но повтори дека Владата прави анализа и е претпазлива во носењето на решенијата бидејќи не се знае колку ќе трае кризата.
– Следните мерки на Владата ќе бидат потергетирани и ќе се однесуваат на одредени групи на граѓани и на одредени производи главно основни прехранбени производи. Тие ќе бидат комбинирани со намалување на ДДВ-то и со ограничување на профитната маржа – рече Мицкоски.
Тој потврди дека законот за нефер трговски практики за зголемување на казните е готов.
– Јас имав состанок со претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Мислам дека прашање на денови е кога тој ќе влезе во владиина процедура – рече Мицкоски.
Мицкоски дека очекува инфлација меѓу 4 и 5% во март.
– Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5% – рече тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата