logo
logo
logo

НЕСРЕЌА НА ГРАДИЛИШТЕ во Скопје - Еден загинат и тројца повредени

Vecer | 24.04.2026

НЕСРЕЌА НА ГРАДИЛИШТЕ во Скопје - Еден загинат и тројца повредени

Министерството за внатрешни работи и официјално потврди дека еден работник загинал, а тројца биле повредени во несреќата што се случила изутрината на градилиште во општина Кисела Вода. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-Во СВР Скопје во 08:17 часот пријавено е дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk