logo
logo
logo

Охрид е господски град: ПЕРО ГИ СОБРА СТУДЕНТИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ ПОСЛЕ 46 ГОДИНИ

Vecer | 30.04.2026

Охрид е господски град: ПЕРО ГИ СОБРА СТУДЕНТИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ ПОСЛЕ 46 ГОДИНИ

Охрид е господски град во кој се уште се почитуваат луѓето, традицијата и се негуваат релациите меѓу луѓето. Деновиве тоа доби уште една потврда, настан на кој внимание му посвети и Охридњуз. ГОдините, децениите поминуваат но охриѓани остануваат - господа.

Понекогаш, највредните приказни не се пишуваат со успехот, туку со луѓето. Таква беше и средбата на генерацијата дипломирани хемичари од Универзитетoт „Св. Кирил и Методиј“, кои по повеќе од четири децении повторно се собраа обединети од спомените, но и од благородната иницијатива на нивниот колега Петар Спасески.

На 25 и 26 април, Охрид беше домаќин на ретка и искрено емотивна средба. По цели 46 години, некогашните студенти повторно се погледнаа со истата топлина, но со животни приказни зад себе. Смеата, спомените и искрената радост ја исполнија атмосферата, а настанот доби дополнителна вредност со присуството на другари од основното и средното образование.

Под негово покровителство беше организирана вечер исполнета со почит и внимание, а следниот ден учесниците ја посетија и неговата компанија за производство на амбалажа за пакување на земјоделски производи и заштитни мрежи АСП ПАК – успешна охридска приказна која од мал старт-ап прерасна во глобално препознатлив бренд што ги снабдува пазарите ширум Европа и светот, а нејзините производи се користат за пакување милијарди килограми земјоделски производи годишно.

Но, и покрај големиот бизнис успех, токму овој гест на Перо Спасески покажа дека најголемата вредност не е во бројките, туку во луѓето.

Овој незаборавен собир ни покажа колку значат пријателството, колегијалноста и човечката поврзаност, без разлика колку години ќе поминат“, порачаа учесниците, изразувајќи искрена благодарност.

Во време кога сè се мери со резултати, оваа средба потсети на нешто подлабоко, дека вистинските врски не стареат, туку само стануваат повредни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk