ОД
1. Здружение на граѓани ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА ИРЛ - Скопје, со ЕМБС: 6426875, и седиште: Алберт Швајцер 6 Скопје-Центар, застапувано преку одговорно лице Претседател Сашка Цветковска
2. Сашка Цветковска, главен и одговорен уредник на Здружение на граѓани ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА ИРЛ - Скопје, со ЕМБС: 6426875, и седиште: Алберт Швајцер 6 Скопје-Центар
ДО
Ивона Талевска, Главен и одговорен уредник на весникот www.vecer.mk
ПРЕДМЕТ: Барање за објавување на исправка
Почитувани,
На порталот vecer.mk на ден 25.02.2026 објавен е текст со наслов „ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ОСУДЕНИ ЗА КЛЕВЕТА, и не им прв пат“.
Во насловот и во дел од текстот е наведено: „ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ОСУДЕНИ ЗА КЛЕВЕТА, и не им прв пат“.
„ИРЛ и Сашка Цветковска се правосилно осудени за клевета направена кон Кочо Анѓушев за нивната емисија за увоз на токсичен мазут и загадување на воздухот.“
Со оглед да, како одговорен уредник на vecer.mk во импресумот е наведено лицето Ивона Талевска, согласно Член 17 од Законот за медиуми, го доставуваме ова барање за објавување на исправка до одговорниот уредник на издавачот на медиумот со следната содржина:
„Граѓанскиот спор со тужителот, господинот Кочо Анѓушев се водеше пред Основниот Граѓански суд Скопје со што ИРЛ и Сашка Цветковска немале статус на обвинети ниту Граѓанскиот и Апелациониот суд донеле осудителни пресуди, алудирајќи во јавноста дека тужените сториле кривично дело.
Основниот Граѓански суд и Апелациониот суд Скопје утврдуваат граѓанска а не кривична одговорност. Осудено лице е она лице за кое има правосилна пресуда од Кривичен суд.
Затоа термините осудени или осудителна пресуда се користи само во кривична постапка. Во нашиот случај, се работи за утврдување на граѓанска одговорност па затоа овие термини ја наведуваат јавноста на неточни информации.“
Согласно горе наведеното а имајќи предвид дека vecer.mk е дневен медиум, во смисла на Член 19 од Законот за медиуми, должни сте во рок од два дена од доставувањето на ова барање да ја објавите исправката. Во спротивно имаме право да поднесеме тужба за заштита на ова право до надлежен суд.
Сашка Цветковска, Главен и одговорен уредник, ИРЛ Скопје

Ова е барање на ИРЛ за ИСПРАВКА на терминот ОСУДЕНИ... кој, според нив е несоодветно употребен во порталот Вечер.мк.
Значи, не се демантираи дека Граѓанскиот суд утврдил, повторно, клевета од страна на ИРЛ и Сашка Цветковска. Тоа е неспорно, и документирано. Спорен е терминот “осудени“.
Па, ако Вечер.мк згрешил со употреба на терминот “осудени“ , како тоа го нарекле другите портали.
Фактор.мк ФЕРОИНВЕСТ: ИРЛ СЕ ОСУДЕНИ ЗА НЕБАРАЊЕ ВТОРА СТРАНА, НАМЕРНО НАНЕСУВАЊЕ ШТЕТА И ЛАЖИРАЊЕ ИНФОРМАЦИИ ОД ВЛАДИНИ НАСТАНИ
Либертас.мк Апелација пресуди во корист на Анѓушев – ја одби жалбата на ИРЛ за тужбата од бизнисменот дека бил клеветен
Локално.мк Случај „Оградена Иднина“: ИРЛ осудени за клевета
ММС.мк Порталот ИРЛ е осуден за клевета во спорот со Кочо Анѓушев, ЗНМ во нечесна игра со закана врз судот
Опсервер.мк ФЕРОИНВЕСТ: Порталот ИРЛ е осуден за клевета во спорот со Кочо Анѓушев, ЗНМ во нечесна игра со закана врз судот
А што утврдил судот за ИРЛ и Сашка Цветковска, во дописов најгоре се легитимирала како претседател на ИРЛ, а најдолу во потписот како Главен и одговорен уредник?
Според објава на ИРЛ, судот го утврдил следното:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата