logo
logo
logo

Македонија има проблем со Филипче, а ФИЛИПЧЕ ИМА ПРОБЛЕМ СО СЕБЕ НО, ЗА ГРЦИТЕ Е ДОБАР ГОСТИН

Vecer | 10.06.2025

Македонија има проблем со Филипче, а ФИЛИПЧЕ ИМА ПРОБЛЕМ СО СЕБЕ НО, ЗА ГРЦИТЕ Е ДОБАР ГОСТИН

Претседателот на СДСМ, среде обвинувања и најавени истраги за крупни кориупциски дела како во Македонија во врска со пожарот и загинатите во тетовската “болница“ и онкологија, така и со фирми под негова контрола или соработка во Бугарија, се обидува да се промовира како политички фактор кој ја штити Грција од Македонците, а особено кој се грижи за интересите на Брисел во Македонија и да се скрие зад прашањата и документите за корупција.

Кога на Грција и Бугарија имтреба некој кој ќе каже - ДА ГРЦИЈА И БУГАРИЈА СЕ ВО ПРАВО СО СВОИТЕ ВЕТА ЗА ПРЕГОВОРИ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ - тогаш драг гостин по грчките медиуми и дипломатски седенки е Венко Филипче. Од него и Бугарија и Грција секогаш добиваат се што во даден момент им треба.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на конференција во Грција кажа дека пресанскиот договор решил голем проблем помеѓу Северна Македонија и Грција. И и овозможил на Македонија да стена земја члена на НАТО, но сега со земјата вледеела десничарска влада која не сакала да ја турка земјата напред во евроинтегративниот процес.

Затоа Заев и Филипче ја внесоа во ЕУ, неколку пати веќе досега. Најавија, се колнеа но... не бидна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk