logo
logo
logo

ПОДНЕСЕ ОСТАВКА - Ристовска вели дека работењето во ДКСК го извршувала законито, совесно и со најдобра намера

Vecer | 13.02.2026

ПОДНЕСЕ ОСТАВКА - Ристовска вели дека работењето во ДКСК го извршувала законито, совесно и со најдобра намера

Цвета Ристовска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од функцијата.

„Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата“, образложи Ристовска во оставката.

Вели дека во текот на целата нејзина професионална кариера, додава таа, вклучително и работењето во Комисијата, својата работа ја извршувала законито, совесно и со најдобра намера.

„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет. На Државната комисија за спречување на корупцијата ѝ посакувам успешен и професионален придонес во служба на јавниот интерес“, пишува Ристовска во оставката до Гаши.

Антикорупциската комисија деновиве отвори два предмети за Ристовска – за проверка на судир на интереси и за непријавување имот. Во првиот случај се работи за тоа дека фирма на еден од синовите на Ристовска добивала пари во кампања за претседателските избори во 2024 година. Вториот предмет е поради тоа што во нејзиниот анкетен лист таа не пријавила дека двајцата синови имаат маркетинг фирми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk