logo
logo
logo

Архиепископот Стефан ќе служи литургија за жртвите од пожарот во Кочани

Vecer | 12.03.2026

Архиепископот Стефан ќе служи литургија за жртвите од пожарот во Кочани

По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката Пулс, во сабота, на 14 март, во Црква „Св. великомаченик Георгиј“ ќе се одржат верски обреди во спомен на загинатите.

Според најавите, со почеток во 8 часот ќе биде отслужена света литургија за упокоените, додека во 9.30 часот ќе се одржи општ парастос за жртвите од пожарот, пренесе МИА.

Со богослужбите ќе чиноначалствуваат поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ Стефан, како и митрополитот на Брегалничка епархија, митрополит Иларион.

Верските обреди се организираат во знак на сеќавање на жртвите од пожарот што се случи минатата година во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk