logo
logo
logo

Сепак, има живот во Македонија: КАВАДАРЦИ СОЗДАВА МИЛИОНЕРИ И ПРИСТОЈНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ

Vecer | 12.05.2025

Сепак, има живот во Македонија: КАВАДАРЦИ СОЗДАВА МИЛИОНЕРИ И ПРИСТОЈНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ

Најголемите десет фирми во Кавадарци лани генерирале приход вреден 530 милиони евра! И во тие десет фирми дури девет се домашни поточно кавадаречки компании основани од локални жители.

Очигледно е дека жителите на овој македонски град имаат исклучителен претприемачки дух и смисла за бизнис. Овој податок сам кажува колкава е силата на кавадаречката економија, убедливо најсилна по Скопје во рамки на Македонија. Дали за ова има свое влијание и маџунот? Одговорот на тоа прашање ќе го оставиме на експертите...

Кавадарци е и индустриски центар. И сега го нменува епитетот од град на никелот во центар на челичната индустрија. И тоа благодарение на веројатно најголемиот кавадаречки активен бизнисмен Илија Гечев.

Освен тоа во градот е и најголемата македонска винерија В.В. „Тиквеш“ повеќе од 50 години синоним за македонско вино во светот.

А во последно време Кавадарци е центар и на фабрика за делови од автомобилската индустрија, која стана точка на мапата на голема интернационална автомобилска корпорација, која е снабдувач на големите светски автомобилски производители. За производството на вино и ракија нема збор. Тука ниту регионот наскоро нема да биде лимит.

И додека кавадарчани пеат, прават вино и маџун, прават и пари. Еве ги листите на најголеми и најуспешни компании според анализа на порталот Фактор:

*Рангирани се компании што 2024 година оствариле приход еднаков на 5 милиони евра или поголем, а годината ја завршиле со добивка

НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ ВО КАВАДАРЦИ во 2024 година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk