logo
logo
logo

ГЕРАСИМОВСКИ ТЕРА ПОЛИТИКА - А СЕ ОГРАДУВА ОД ПОЛИТИКА

Vecer | 24.10.2025

ГЕРАСИМОВСКИ ТЕРА ПОЛИТИКА - А СЕ ОГРАДУВА ОД ПОЛИТИКА

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување на МРТВ изјави дека очекува победа во вториот круг од локалните избори, потенцирајќи дека граѓаните ја препознале неговата посветена и одговорна работа во изминатите четири години.

Тој нагласи дека лично им честитал на двете кандидатки кои не влегоа во вториот круг, додавајќи дека не разговарале за политичка поддршка, туку за квалитетните програми и предлози што ги понудиле.

„Сметам дека нивните идеи и предлози можат да се вклучат во нашата програма во следниот четиригодишен мандат. Верувам дека поголемиот дел од гласачите кои гласаа за нив ќе ми дадат поддршка и дека ќе имаме голем број гласови во вториот круг. Центарци знаат да проценат и да го изберат најдоброто, а тоа е концептот за Центар што заеднички го сакаме,“ изјави Герасимовски.

Запрашан зошто добил околу 2.500 гласа повеќе од советничката листа на СДСМ, Герасимовски посочи дека тоа е доказ дека граѓаните ја ценат неговата лична ангажираност и резултатите што ги постигнал во претходниот мандат.

„Граѓаните ја тргаат политиката настрана кога станува збор за локалната самоуправа и ја вреднуваат нашата заедничка работа. Поддршката е за човекот што четири години работеше за нив, а не за партијата. Центарците гласаа за личност, не за политика,“ рече тој.

Герасимовски истакна дека на овие избори имало околу 1.500 неважечки ливчиња, што е повеќе во споредба со претходните избори, и најави анализа на причините.

„Можно е дел од грешките да се направени ненамерно, а дел да се израз на револт кај одреден број граѓани. Анализата ќе ја покаже точната слика,“ додаде кандидатот за градоначалник на Центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk