logo
logo
logo

ВРЕДИ очекува одговори од АЛИ АХМЕТИ

Vecer | 01.07.2025

ВРЕДИ очекува одговори од АЛИ АХМЕТИ

Дијаспората не е бројка што може да се избрише, туку срцето што ја одржува живa економијата и надежта на оваа земја, порача Вреди.

По долго молчење, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, конечно реши да проговори. Да се каже дека „пописот бил во рамките на договорите” не претставува само јавно признавање на одговорност, туку и шокантен доказ за политичките пазарења направени на грбот на албанската дијаспора. Оваа изјава не е објаснување, туку скандал, се вели во соопштението на Вреди.

„Затоа, Али Ахмети мора јасно да одговори: Со кој договор? Со кого беше постигнат? Во чие име? Дали тој договор значеше бришење на албанската дијаспора од официјалните регистри? Ако е така, тогаш тоа мора јавно да се признае. Дијаспората заслужува одговор, а одговорноста е неизбежна. Вреди ќе продолжи да го крева гласот за правата на секој Албанец, во земјата и во дијаспората. Дијаспората не е бројка што може да се избрише, туку срцето што ја одржува живa економијата и надежта на оваа земја. Ние ја цениме нивното жртвување и сме решени да не дозволиме ниту една политичка измама да го негира нивниот придонес“, наведено е во реакцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk