logo
logo
logo

Деспотовски: Раководството се крие зад името СДСМ за лични цели - ЌЕ ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ

Vecer | 10.01.2026

Деспотовски: Раководството се крие зад името СДСМ за лични цели - ЌЕ ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ

Јован Деспотовски, член на СДСМ, во своја објава остро го критикува однесувањето на дел од моменталното раководство на партијата, обвинувајќи ги дека го користат името на СДСМ за лични агенди и потреби.

„Поединци од моментното раководство на партијата продолжуваат да се кријат и да го користат големото име на СДСМ за сопствена агенда и лични потреби“, напиша Деспотовски.

Тој истакна дека нема да учествува во создавање поделби и „копање ровови“ во партијата, бидејќи тоа не носи корист ниту за СДСМ, ниту за државата.

„Оние што тоа го прават, без разлика на која функција се наоѓаат сега, ќе понесат одговорност за ова однесување“, додаде тој.

На крајот, Деспотовски нагласи дека останува посветен на партијата.

„Заедно со десетици илјади наши искрени и посветени другари – јас бев, сум и останувам СДСМ“.

Оваа објава доаѓа во период на внатрепартиски тензии во СДСМ, откако партијата се соочува со предизвици по неодамнешните настани и подготовки за идни избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk