logo
logo
logo

Мила Цароска и СДСМ го уништија образованието: 50% ОД “ОДЛИЧНИТЕ“ УЧЕНИЦИ НЕ ПОЛОЖИЈА НИ ПРИЕМЕН ИСПИТ!

Vecer | 26.06.2025

Мила Цароска и СДСМ го уништија образованието: 50% ОД “ОДЛИЧНИТЕ“ УЧЕНИЦИ НЕ ПОЛОЖИЈА НИ ПРИЕМЕН ИСПИТ!

СДСМ во време на своето валдеење со образованието воспостави низа мерки, како обврска за учење без книги, учење од интернет, која беа дури и забранети од министерката Мила Цароска. На учениците им се наметнуваше како главен фокус секуално образование и идологија дека не постои машки и женски пол, промоција на еднополови врски и бракови, исфрлање на традиционалните вредности националниата култура... Науката беше во втор план, па дури се укунуваа цели диспциплини од историја.

Резултатот на тоа доаѓа измерен денс. Половина или 50% од учениците, и тоа номинално најдобрите, со просечна оценка пет - не положија приемен испит за упис во гимназија, во случајов гимназијата Ѓорѓи Димитров.

По дебакалот дека ниту еден макдеднски универзитет не е во 5.000 најдобри во светот според Шангајската листа, ова втор земјотрес во македонското образование. Во времето на владата на ВМРО ДПМНЕ, пред Зоран Заев и СДСМ, наши универзитети се наоѓаа на листата ан најдобии 2.000. Денес не постојат во рангирањето.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот.

-Можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да поправа оценки. Завчера во „Георги Димитров“ полагаа 75 ученици со сите петки, а 50 проценти не го положија испитот.

Нема повеќе поправање на оценки на наставнички совет. Ако сака ученикот да поправи оценка, ќе си дојде заедно со родителот и ќе полага пред комисија, а не со кренање рака на наставнички совет затоа што родителот ни се допаѓа или затоа што така рекол градоначалникот.

Нови измени на законот ќе правам за се што ќе видам дека не функционира на терен затоа што неопходно е системот на образование да профункционира. Младите ни отидоа затоа што не функционира системот на образование, затоа што оние што заслужиле петки не сакаат оној што има двојка да му се поправи оценката во петка на наставнички совет, рече министерката Јаневска.

Во гимназијата „Георги Димитров“ беа пријавени повеќе ученици отколку што имаше предвидено слободни места. Поради тоа, наместо директен упис, во гимназијата беше спроведен приемен испит. Резултатите се дебакл на квалитетот на образованието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk