logo
logo
logo

КРВАВ ПИР НА ПРОСЛАВА - ТРОЈЦА МРТВИ ВО ПРИЛЕП

Vecer | 13.07.2025

КРВАВ ПИР НА ПРОСЛАВА - ТРОЈЦА МРТВИ ВО ПРИЛЕП

Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво ги лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Ужасно злосторство се случило синоќа во куќа во центарот Прилеп. Основното јавно обвинителство потврди дека се случиле двојно убиство и самоубиство, како што претходно напишаа некои медиуми.

Обвинителството соопшти дека во куќата биле пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

„Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво ги лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил“, велат од ОЈО.

Ќе се вештачат трагите кои ќе бидат најдени на местото на настанот. Телата на починатите одат на обдукција.

Неколку македонски медиуми утринава објавија дека крвавиот пир се случил на семејна веселба и дека, наводно, напаѓачот бил тешко наоружан и пукал кон полицијата по што се самоубил.

Повеќе информации за мотивите и причините за двојното убиство, се очекува да бидат соопштени во текот на денот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk