logo
logo
logo

УБИСТВО НА МАВРОВО со дивоградби, бетонски тврдини од згради и уништена инфраструктура

Vecer | 15.03.2025

УБИСТВО НА МАВРОВО со дивоградби, бетонски тврдини од згради и уништена инфраструктура

Маврово, традиционлано, со својот ски центар и околината е со децении најпосакуваното место за семеен одмор, викенди, спортови во зима но, и во летните месеци. Било, но не е веќе така. Сега Маврово е хаос, нечистотија, уништена природа со бетонски згради, езеро кое пола година е речиси пресушено и неупотребливо за туризам...

Накусо наликува на запуштена фавела во која се гради кој како што сака, место за кое никој нема одговорност да го одржува и планира развој, место за перење пар од градежната мафија која гради деветокатници на падините од планината со што се поништува целосниот природен амбиент а се загрозува безбедноста за жителите во станови и апартмани на тие косини. 

Градежната на мафија на ДУИ, помогната од СДСМ, во Леуново подигна над 20 бесправно изградени објекти кои потоа, со години терааа постапки, за да ги легализираат. 

Гостиварското основното јавно обвинителство поднесе Обвинение против две физички и едно правно лице. Тие се обвинети за кривичното дело бесправно градење. Според соопштението на Обвинителство, обвинетите, татко и ќерка се државјани на Република Косово.

Во предметот обвинета е и фирмата која била управувана во ќерката, и преку која во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше.

„Објектите – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности“, се вели во соопштението.

ДИЖС утврдил многубројни неправилности во работењето на хотелскиот комплекс „Радика“. Хотелот не плаќал надоместок за користење на води, иако бил обврзан со Законот за води, но исто така и зафаќал вода од извори во селото Леуново, а немал поставено мерач на проток. Да биде проблемот посериозен, отпадните води од хотелот сѐ уште непречистени се влеваат директно во Мавровското Езеро, иако резортот „Радика“ беше уште минатата година задолжен од ДИЖС да изгради пречистителна станица. Планираната изградба на 87-те вили само дополнително би го оптовариле екосистемот на Мавровското Езеро и на самиот национален парк со огромни количества непреработени загадени отпадни води, сметаат од ДИЖС.

Мавроро, полека, станува место кое е сопственички и кориснички во владение на косоварите, а нема инфратруктура за толку градби, особено не за згради, па сега над 1.000 легално изградени викенд куќи и неколку хотели имаат проблем да функционираат.

Градежните активности во Маврово значително го променија пределот, предизвикувајќи уништување на природата и нарушување на животот на мештаните.

Иако законите налагаат ревалоризација и репрогласување на Маврово за национален парк, тоа не е реализирано веќе две децении, оставајќи простор за бесправна градба и сеча, објави мкд.мк. Последната студија за ревалоризација предлага зголемување на зоните под строга заштита, што предизвикува реакции кај локалното население и управата на паркот.

Жителите стравуваат дека зголемените ограничувања ќе го загрозат нивниот начин на живот, ќе ја намалат можноста за земјоделство и туризам и ќе го зголемат иселувањето. Додека дел поддржуваат зголемена заштита, други бараат балансиран пристап што ќе го вклучи и економскиот развој на регионот.

Повеќегодишната континуирана узурпација и урбанизација на мавровскиот крај остави трајни штети по природата и пејзажот. Покрај физиономија на овој предел, новите градби го променија и животот на мештаните, кои имаат проблеми со водоснабдувањето, со недостигот на струја и со руинираниот пат. Владо Лазаревски од Леуново долги години се обидува да го сврти вниманието на институциите за проблемите во Маврово.

„Селата ги претворивме во градови. Вакви згради како што се изградија овде, нема во ниту еден национален парк во светот. Ова е хаос. Но, овој пат нема повлекување, ќе се бориме до крај. Ако новите институциите избрани сега од ВМРО, не ги решат проблемите, овде повеќе ќе нема живот“, вели Лазаревски, разочаран од лагите на многу власти и уморен од децениската битка да ја заштити природата која се уништува пред неговите очи.

Националниот парк се нагрдува со години. Законот за репрогласување на паркот кој требаше да се усвои пред две децении, сè уште не е донесен, а нема ниту план за управување со националниот парк.

Без овие стратешки документи, во Маврово на сила е беззаконието. Кога во 2005 стапи на сила Законот за заштита на природата, беа создадени услови и обврски за властите да ги ревалоризираат сите заштитени подрачја.

Но, и покрај јавно декларираната волја тоа да се случи, секогаш се бараа оправдувања зошто да не се усвои Законот за репрогласување на Маврово за национален парк. Со него ќе се стави крај на штетните практики, ќе се обезбеди солидна правна и физичка заштита на природните богатства, паркот ќе биде соодветно зониран и плански ќе се развива.

И додека политичките моќници сите овие години калкулираа со заштитата, на терен владее анарахија, масовна урбанизација, неконтролирано се гради, никнуваат дивоградби, се сече шумата, се уништува природата, а мештаните си заминуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk