logo
logo
logo

Судијата најави завршница во јуни

Привршуваат судските процеси против Мерко за НЕЗАКОНСКО ПОСТАВУВАЊЕ ДИРЕКТОРИ

Vecer | 10.04.2025

Привршуваат судските процеси против Мерко за НЕЗАКОНСКО ПОСТАВУВАЊЕ ДИРЕКТОРИ

На следните рочишта закажани за јуни се очекува завршница во судските процеси против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување директори на повеќе училишта во општината.

На барање на судечкиот судија Јордан Јованов, поради непојавување на претходните рочишта, денеска во судницата со полициска асистенција беа донесени сведоците за незаконски поставените директори на училиштата во Радолишта, Подгорци и Лабуништа.

-Сведоците се обезбедени со полициска асистенција. Остануваат уште двајца сведоци во наредното рочиште. На наредните рочишта во јуни ќе биде сослушана и одбраната на обвинетите, којашто секогаш доаѓа на крај. Веќе сме дојдени до тој стадиум од постапката кога ќе ја слушнеме и одбраната, изјави судијата Јованов.

За предметот за училиштето „Зини Хани“ во Велешта, каде покрај Мерко за незаконски поставен директор се товари и директорката Егзона Шеј, за фалсификување дипломи, рочиштето беше одложено поради не појавување на сведокот Урим Каба, поради здравствени причини.

-Овде беше кажано дека сведокот поради здравствени причини е спречен да се јави на расправата. Судот доби потврда дека навистина е така, овојпат не се работи за некаков изговор. Во меѓувреме се обезбедени сите механизми за на наредната расправа да го обезбедиме неговото присуство, информира судијата Јованов.  

Тој посочи дека листата на докази е исцрпена и по сослушувањето на тој сведок, на следната расправа ќе бидат сослушани и обвинетите и предметот ќе биде завршен. 

Адвокатот на обвинетата Егзона Шеј, Димитрија Цобоски, посочи дека за да се гони некој за фалсификување исправа, треба да се покрене постапка против тие што ја фалсификувале.

-За овој предмет е специфично што се гони некој за фалсификување за облик од кривично дело употреба на фалсификувана испрва, без да се утврди и да се даде доказ дека станува збор за фалсификувана исправа и без да се покрене било која постапка против тие што ја фалсификувале испрвата. Затоа очигледно е дека тука нешто не е во ред, а ние тоа ќе го докажеме во текот на доказната постапка и сослушување на обвинетата, рече Цобоски.

Во Основниот суд во Струга против градоначалникот Мерко се водат судски процеси и за набавката на автомобил „Ауди А6“ и за незаконско поставување плоча – спомен обележје на влезот од општинската зграда. Тој е и на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД), поради вмешаност во корупција, а против него има поднесено повеќе обвиненија за несовесно работење во службата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk