logo
logo
logo

СО ОВАА ГАРДА СИГУРЕН Е ПОРАЗОТ ЗА ФИЛИЧЕ И СДСМ

Vecer | 23.06.2025

СО ОВАА ГАРДА СИГУРЕН Е ПОРАЗОТ ЗА ФИЛИЧЕ И СДСМ

Поминаа пет дена од тепачката во Советот на Општина Кочани, каде што советник од советничката група на СДС, повреди вработена. Освен бледото партиско соопштение дека СДС го осудува чинот на насилство, не видовме ништо конкретно oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Никаде го нема Венко Филипче збор да каже за овој насилен инцидент, да го осуди настанот и јавно да се дистанцира од неговиот советник, Аки Акиов.

Филипче молчи и го нема ниту да го повика Акиов, да си поднесе оставка од советничкото место.

Дали молкот на Венко Филипче значи дека се плаши дека неговиот советник тепач Акиов, ќе прозбори за нивната врска и ќе ја каже вистината по чии насоки го направил инцидентот?

Акиов е алатка во планот за дестабилизација на ситуацијата во Кочани, направен од Зоран Заев и Филипче, кој преку тензии, насилство и говор на омраза требаше да ја зоврие, и така тензичната, ситуација.

Целта на ваквото темно сценарио е преку тензии, да се спаси Филипче како од тешкиот изборен пораз којшто му претстои, така и од процесуирањето за криминалните и корупциски скандали и афери.

А за ова, очигледно добиле и закана дека се ќе биде обелоденето, па СДС и Филипе продолжија за се да зборуваат освен да повикаат на одговорност и, како акт на морален чин, да го повикаат тепачот Акиов да поднесе оставка.

Жално е да се гледа во каква безнадежна состојба се доведени СДС, за своја лична корист и за ситни политички поени, да изнајмува тепачи за дестабилизација на државата и ширење на говор на омраза.

Но, добро е што граѓаните ги прочитаа и не потпаѓаат на такви ниски провокации од СДС и за тоа остро ќе ги казнат на избори“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk