logo
logo
logo

Создавање чиста животна средина главен фокус во програмата на Советничката листа ЗНАМ Делчево

Vecer | 01.10.2025

Создавање чиста животна средина главен фокус во програмата на Советничката листа ЗНАМ Делчево

Носителот на советничката листа на движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“, Бобан Никовски, ја претстави својата програма и клучните проекти со кои ќе настапи заедно со кандидатите за советници на претстојните локални избори во Делчево.

Во своето обраќање, Никовски, дипломиран економист и банкарски службеник, истакна дека неговиот главен фокус ќе биде создавање на чиста животна средина преку изградба на прочистителна станица за отпадни води, затворање на депонии и пошумување.

Програмата на Никовски вклучува и серија инфраструктурни проекти – изградба и реконструкција на улици, тротоари и мостови, како и поставување на LED јавно осветлување и развој на индустриска и бизнис-зона во Делчево со цел отворање нови работни места.

Особено внимание е посветено на младите и постарите граѓани. За младите се предвидува формирање локален младински совет, буџет за млади, работилници за дигитални вештини и парк за млади. За постарите лица и пензионерите, програмата предвидува изградба на дом за стари лица и дневни центри.

Никовски најави и дополнителни инвестиции во образованието и спортот преку реконструкција на училиштата и спортските терени.

Нашата визија е со чесна и посветена работа да изградиме современа општина во која секој граѓанин ќе има можност за подобар живот, порача Никовски.

На советничката листа на движењето „ЗНАМ“ во Делчево се вклучени 15 кандидати, меѓу кои и млади професионалци, економисти, правници и културни работници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk