Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, објави дека докторирал на универзитет во Софија
- Успешно ја одбранив докторската дисертација на Универзитетот за библиотекарски студии и информатички технологии – УНИБИТ, Софија, на тема:
„Организациони модели на професионална подготовка“.
Ова не е само личен академски успех. Ова е обврска.
Обврска знаењето и искуството што ги стекнав да ги вложувам уште поодговорно во јавниот интерес, во унапредување на институциите и во работа во служба на граѓаните, објави градоначалникот на Центар.
Градоначалникот наедно упати и благодарност до своите најблиски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата