Не му е е лесно на Жан Митрев да се одбрани од нападите врз неговиот имот и углед од Зоран Заев, Венко Филипче и нивната логистика во Обвинителството и т.н. партиски “невладин сектор“ на СДСМ. Не е лесно, но нема друг избор освен да се бори и избори а, како тече времето, и перцепцијата и фактите јавноста ги прима позитивно за него и му дава поддршка. Ниту е прв, а добро би било да е последна жртва на Фамилијата.
Случајот е познат. Преку “невладината“ организација ИРЛ која вчера беше осудена за клевета по втор пат, за нов случај, во последниве година дена СДСМ се обиде за создадае скандал дека Клиниката Жан Митрев “измамила“ корисници на познатиот медицински метод хемофилтрација (прочистување на крвта од бактерии и вируси) во време на Ковид 19 епидемијата. Дека тоа не бил научен метод.
Дека е научен метод, медицинска пракса, веќе е секому јасно. Помеѓу останатото методот е признаен каков таков во Европа, САД... па и во Македонија и јавното здравство го има во описот но, не го употребува од ним познати причини. Наводно тоа било скапа процедура па државата немала пари за таа намена.
Го употребувале и во Клиника Жан Митрев како и во Аџибадем Систина но, само за Жан Митрев “невладината“ ИРЛ на јавниот сервис МТВ објави филм дека е тоа “измама“ по што, веднаш, се појави Обвинителството - втората алатка за присила на СДСМ, односно Заев и Филипче, со експресно отворен предмет и обвинение.
Паралелно со нивното обвинение и тотална контаминација на јавноста преку партиските портали и ТВ емисии се создаде перцепција дека е тоа така, и Клиниката Жан Митрев како и самиот регионално афирмиран кардиолог Жан Митрев се најдоа во позиција да се бранат не само пред судот туку и пред медиумски и “невладини“ активисти на Заев и Филипче. Состојба во која и Клиниката и самиот кардиохирург доктор Жан Митрев се најдоа на за нив непознат терен – позиција на организиран јавен линч и стигматизација без конкретни факти и аргументи по рецептот на СЈО.
Жан Митрев , годишно, врши околу 1.000 (иљада) кардиолошки и кардиохирушки интервенции за пациенти од Македонија но, и од регионот и од државите на ЕУ. Многу луѓе имале контакт со него, го запознале, но да биде појасно за другите да опишеме зошто првиот партиско-обвинителско-медиумски удар Жан Митрев го затече неспремен на терен и во околности во кој никогаш на се нашол и не ги ни очекувал.
Доктор Жан Митрев е повикан од македонската влада пред 25 години да отвори кардиохирургија која дотогаш Македонија ја немаше, и тоа како веќе афирмиран кардиохирург во Германија да ја води како заеднички проект на владата и Жан Митрев за што му се доделија на користење за кирија простории во тогашната Воена болница. Повикан да создаде кардиохирургија, темелен медицински капацитет.
Дотогаш операции и сложени интервенции на срце Македонците мораа да ги вршат во странство. И скапо и неизвесно за пациентите, како и за државата.
Систина е отворена подоцна, во 2001 но со капацитет за гинекологија и акушерство. По 2010 година станува Клиничка болница со влегување на турски капитал од Аџибадем со капитал од 20 милиони евра, односно 50% во сопственоста и, потоа, и таму се развива кардиологија и кардиохирургија. Тоа е 11 години после Клиниката на Жан Митрев.

Веќе од тоа време од страна на Аџибадем Систина, прецизно од бизнисменот Орце Камчев, почнуваат притисоците врз тогашните власти да се одземе просторот за работа на Клиниката на Жан Митрев (тогаш под назив Филип Втори) но, премиерот Никола Груевски ги одбива предлозите и притисоците бидејќи во таков случај македонските граѓани остануваат без 1.000 операции и интервенции на срце за кои нема алтернативни капацитети што би создало неизвесност за иљадници болни.
Уште тогаш (2010-29013) кардиологот Сашко Кедев и неврохирург Венко Филипче во тогашната влада на Груевски туркаа идеја да му се одземе просторот на Жан Митрев за Клиниката (тогаш) Филип Втори и да им се даде на управување. Сашко Кедев, претходно, работел кај Жан Митрев и заминал па добро ја познавал клиниката. Тоа беше и мотив на Венко Филипче да влезе и биде прв соработник на тогашниот министер за здравство Никола Тодоров во влада на ВМРО ДПМНЕ. Планот не им беше поддржан но, амбициите им останаа што се виде последниве година-две.
Филипче со нов обид, овојпат како министер за здравство под Зоран Заев, а Сашко Кедев, по искачување на сите 18 планински врвови и отсуство до работа барем три години, со отварање непоткрепени афери за неосновани интервенции на срце за кои досега тој не изнесе ниту еден доказ, но контролите потврдија дека најмалку три од десетте операции/интервенции се извршени токму по негов упат, упат од Сашко Кедев.
Во 2016 година Жан Митрев, од свои средства и кредити, изгради и стави во функција нов објект, денешната Клиника Жан Митрев. Единствен клинички капацитет кој според европските експерти од Чешка, дел до НАТО тим, кои дојдоа во Македонија по пожарот во Кочани кој стручно, просторно и организациски е на европско ниво.
Се искористи периодот на Ковид 19 по кој Венко Филипче и Зоран Заев тргнаа во нова акција за преземање на Клиниката Жан Митрев.
“Невладината“ ИРЛ, веќе осудена за клевета од две свои “истражувачки стории“ отвори нова – за измама на пациенти од Клиниката Жан Митрев за хемофилтрација. Но, во сторијата ја нема Аџибадем Систина која исто така го променувала овој метод, а го нема ни Венко Филипче кој го како министер го одобрил па дури, јавно, побарал под Клиника Жан Митрев да ги намали цените што беше и прифатено, и применети помали цени за хемофилтрација за време на Ковид 19. Процентот на смртност кај Клиниката Жан Митрев во Ковид 19 епидемијата е дупло помал од смртноста на државните клиники иако кај Жан Митрев се лекуваат најтешките случаи.
Обвинението, експресно подигнато по “допрен глас“ од ИРЛ доведе до судење кое е во тек и за кое јавноста веќе доволно знае и веќе формира став за планирана хајка.

Жан Митрев е човек кој во целост е посветен на својата работа. Буквално целосно живеејќи во тој свој свет. Го нема по кафеани, го нема по скапи јахти и монденски места за одмор, никој не го спомнува во негативен контекст на неговата работа и личен живот веќе 25 години откако е тука. Нема скандали за него, нема релации со политичари, новинари, банкари, сомнителни бизнисмени... Идеален за притисок. И, како таков, обвинението го начекува во состојба на шок и неразбирање на процесот на рекет кој му се случува.
А рекетот се случува набргу по судењето кога доаѓа понуда од нему непознато лице да му ја купи Клиниката по цена која му е дадена, ни половина од вредноста на Клиниката, по што “тој ќе биде слободен и богат човек...“ без судски трауми. Предлогот е одбиен, а со време и ставот на јавноста се менува во негова полза.
По две години Жан Митрев решава да се појави јавно, на ТВ Алфа кај Богдан Илиевски, и јавно да проговори за случајот. Патем, зборува за притисоци од Зоран Заев и Венко Филипче да му се создаде афера и судење, и да ја продаде Клиниката.

Зоран Заев решава да му поднесе тужба за клевета. Самиот факт дека Зоран Заев, човек кој е синоним за изречени лаги, закани и клевети врз стотици луѓе и комплетната македонска нација е дисквалификација на тужителот Зоран Заев. Но, секој граѓанин може против секој друг да поднесе тужба за клевета, па може дури и Зоран Заев.
Но, има ли храброст и аргументи Зоран Заев за тужба и процес за клевета? Нема.
Доктор Жан Митрев својата изјава ја дал на ТВ Алфа, во Скопје, а и жител е на Скопје. Иако тоа го знае Зоран Заев тужбата за клевета ја поднесува со суд во Струмица! Суд кој не е месно надлежен за овој случај. Може да тужи, но во случајов само во Скопје.
Ова има две варијанти: или поднел тужба за да има јавен ефект дека ете тужи за клевета а знае дека во Струмица не може да се суди за овој случај, или навистина е под толку голем притисок и паника дека е следниот кој ќе се појави пред судот и бара судење во Струмица која му е под контрола и се надева дека тоа некако ќе помине. А не може да помине.
Секој граѓанин, особено кога е корупција од висок функционер во прашање, има право и законска заштита да даде сознание за тоа по принципот на “свиркач“ а особено според Судот за човекови права во Стразбур. Тоа, за почеток. Дали е чудно што Обвинителството не отворило истрага по изјавата на Жан Митрев по системот “од допрен глас“ како што преку ноќ, експресно, отвори против Жан Митрев по “допрениот глас“ од “невладината“ организација ИРЛ која ја судат за клевета од година во година?!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата