logo
logo
logo

Од 13 јули почнува терестрична дезинсекција против комарци ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ И ЗА ПЧЕЛАРИТЕ

Vecer | 09.07.2026

Од 13 јули почнува терестрична дезинсекција против комарци ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ И ЗА ПЧЕЛАРИТЕ

Градот Скопје известува дека на 13.07.2026 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 13.07.2026 година (понеделник) до 16.07.2026 година (четврток), од 22 до 03 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk