Министерството за внатрешни работи информира дека при регистрација на возило во станиците за технички преглед или во управните служби, сопствениците ќе добиваат верификациски код на мобилен телефон и електронска адреса.
По оставање на контакт податоците на шалтер, сопственикот ќе добие СМС и електронска порака со код, со кој се потврдува дека наведениот број е негов личен контакт.
Од МВР посочуваат дека измената се воведува со цел да се избегнат евентуални грешки при испраќање на санкциите од системот „Безбеден град“, кои и понатаму ќе се доставуваат преку СМС порака и електронска пошта до сторителот на прекршокот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата