logo
logo
logo

Протест на хигиеничарите во психијатриската болница во Демир Хисар

Vecer | 19.06.2025

Протест на хигиеничарите во психијатриската болница во Демир Хисар

Дванаесет хигиеничари од психијатриската болница во Демир Хисар започнаа со протест откако им беше соопштено дека нивните договори за работа, кои истекуваат на крајот на месецот, нема да бидат обновени. Според информациите од болницата, причината за непродолжувањето на договорите е отсуството на одобрение од Министерството за здравство.

Во исто време, установата објави оглас за вклучување на надворешна агенција за чистење. Како најповолен понудувач е избрана фирмата „БАПАЛ Благој“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk