logo
logo
logo

Кумановец киднапирал познаник, го малтретирал, дрогирал и го принудувал орално да го задоволува

Vecer | 01.06.2026

Кумановец киднапирал познаник, го малтретирал, дрогирал и го принудувал орално да го задоволува

На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово.

Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник од Куманово во својот дом. Според пријавеното, во тој период Д.П. повеќе пати физички го напаѓал лицето, го принудувал орално да го задоволува и го принудувал да користи дрога. При приведувањето, кај Д.П. биле пронајдени и одземени марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело, информира МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk