Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и за реконструкцијата на Владата.
- Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика за идната структура - рече Мицкоски по отворање на новиот базен „Карпош“.
Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања.
- Планираме тие активности да ги завршиме до средината на јуни, а потоа, во втората половина на месецот, да седнеме со коалициските партнери и да разговараме за следните чекори - додаде Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата