logo
logo
logo

Продолжува молкот на Филипче

ВЕНКО СО ГЛАВАТА ВО ПЕСОК додека Софија прави дипломатски преседан, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 29.06.2026

ВЕНКО СО ГЛАВАТА ВО ПЕСОК додека Софија прави дипломатски преседан, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение упати остри критики кон претседателот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не го осудил, како што велат, дипломатскиот преседан што го направила Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржела информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на премиерот.

Од владејачката партија наведуваат дека Владата континуирано работи на зајакнување на меѓународната позиција на Македонија, економскиот развој и подобрувањето на животниот стандард, додека, според нив, опозицијата дејствува спротивно на државните интереси.

Во соопштението се оценува дека во ситуации кога се засегнати националните интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, сите политички чинители треба да застанат во нивна одбрана.

„Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека молкот на Филипче, според нив, покажува дека повеќе се грижи за односите со Софија отколку за заштитата на националните позиции.

Партијата упатува и низа политички обвинувања кон лидерот на СДС, тврдејќи дека е подготвен да направи нови отстапки во однос на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот без, како што велат, соодветни гаранции.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ќе продолжат, како што наведуваат, доследно да ги бранат македонските национални интереси, достоинството и позициите на државата, оценувајќи дека тоа е нивна обврска кон граѓаните и Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk