logo
logo
logo

СЕ УРИВААТ КУЌИ ВО ТЕТОВСКО, не било закана само за Скопје

Vecer | 27.11.2025

СЕ УРИВААТ КУЌИ ВО ТЕТОВСКО, не било закана само за Скопје

Поради обилните врнежи на дожд што го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица.

Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени четири куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово.

Во моментот се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свечишта.

На територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП „Македонија пат“ редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот.

Одроните на патот кон село Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП „Камена река“ е извршено чистење на одронот и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk