logo
logo
logo

Мисајловски во Турција на саемот за воена индустрија – IDEF 25

Vecer | 22.07.2025

Мисајловски во Турција на саемот за воена индустрија – IDEF 25

Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Владо Мисајловски денеска и утре ќе престојува во Турција, каде по 17-ти пат се одржува еден од најголемите саеми за воена индустрија IDEF 25.

Министерот Мисајловски ќе се сретне со својот колега, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција Халук Ѓорѓун, а се очекува и средба со други високи лица од одбранбениот сектор.

На саемот IDEF 25, во придружба на министерот Мисајловски ќе биде и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На саемот македонската делегација ќе се запознае со најновите технологии во областа на воената индустрија и ќе оствари контакт со голем број на компании од оваа област, што е исклучително значајно имајќи го предвид процесот на модернизација и опремување на Армијата и исполнувањето на НАТО Целите на способности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk