logo
logo
logo

АЛИЈАНСА СЕ КИНЕ НА ПАРЧИЊА. Секоја година - нова фракција и пратија

Vecer | 27.02.2026

АЛИЈАНСА СЕ КИНЕ НА ПАРЧИЊА. Секоја година - нова фракција и пратија

Фракцијата на АА, предводена од Фетаи, наводно одржала „Основачкото собрание“, со концепт за „Нова алијанса“, а второто крило од АА што е дел од власта, претставено од министерот Алиу, пратеничката Мимоза Муса и Илир Демири, не го признаваат овој собир

Потресите што веќе ги предизвика трансформацијата на коалицијата Вреди во партија можно е да му создадат главоболка на премиерот Христијан Мицкоски при најавената реконструкција на Владата напролет.

Во две од четирите партии кои се дел од коалицијата Вреди – Беса и фракцијата на Алијанса за Албанците, распуштањето на партиските тела предизвика поделби и ги раскара сопартијците кои моментно се на функција во извршната и во локалната власт.

Дали и колку потресите кај владиниот партнер Вреди ќе се одразат врз составот на Владата, ќе биде појасно откако Мицкоски ќе пресече кои од министрите ќе се збогуваат од владиниот кабинет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk