logo
logo
logo

ДАЛИ ЗА СДСМ ПАТОТ ДО ЕУ Е ПРЕКУ БЕГАЊЕ ОД РАБОТНИ ГРУПИ И НЕГЛАСАЊЕ ЗАКОНИ?

Vecer | 27.06.2026

ДАЛИ ЗА СДСМ ПАТОТ ДО ЕУ Е ПРЕКУ БЕГАЊЕ ОД РАБОТНИ ГРУПИ И НЕГЛАСАЊЕ ЗАКОНИ?

Со месеци наназад од СДСМ постојано бараат испорака на законите од Реформската агенда, зборуваат за европскиот пат и се обидуваат да се претстават како единствен фактор кој се грижи за евроинтеграциите на државата. Но, кога ќе дојде моментот тие закони да бидат ставени на гласање во Собранието, од СДСМ не гласаат и наместо конструктивност, избираат политички калкулации, истакна на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Таа потсети дека на вчерашната собраниска седница беа разгледувани и усвоени повеќе значајни законски решенија кои се дел од Реформската агенда и кои се важни за исполнување на обврските што државата ги презема во процесот на европската интеграција.

– Дополнет беше Предлог-законот за судска служба со 61 глас „за“ и 12 „против“. Дополнет беше Предлог-законот за јавнообвинителска служба со 62 гласа „за“ и 13 „против“. Усвоен беше Предлог-законот за високи раководители со 62 гласа „за“, а пратениците од СДСМ не гласаа. Дополнет беше и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори со 62 гласа „за“, додека СДСМ повторно не даде поддршка. Предлог-законот за оружје беше усвоен со 70 гласа „за“, СДСМ не гласаше. Ова јасно покажува дека кога станува збор за конкретни реформи, СДСМ нема намера да придонесе – рече Василевска.

Според неа, лесно е да се зборува за Европа на прес-конфернеции, но многу поважно е како се постапува кога треба да се гласа во Собранието.

-Кога ќе дојде редот да се работи на реформите, од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање. Така беше со работната група за Изборниот законик, од СДСМ не учествуваа и избраа да ја бојкотираат работната група, иако таа има задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР и да ги усогласи со стандардите што ги бараат европските институции. Токму овие препораки, се дел од извештаите за напредокот на државата и се важен дел од реформскиот процес. Јавноста има право да знае, дали за СДСМ европски пат е да не се поддржи ниту едно решение и да се бега од работните групи, а и да не се гласа за реформските закони? – рече Василевска.

Таа додаде дека Европскиот совет и Европската комисија ја препознаваат динамиката со која Македонија ги реализира реформите.

-Тоа е причината поради која нашата држава доби и најголем износ на финансиска поддршка од Планот за раст, во споредба со останатите земји од регионот. Европската Унија внимателно го следи реформскиот процес и ги поздравува чекорите што ги презема Владата. За жал, за СДСМ ниту оценките од европските институции, ниту конкретните резултати, очигледно не се доволни за да покажат одговорност и да дадат поддршка – рече Василевска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk