logo
logo
logo

НЕМА ПОВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ И ВЛЕЧЕЊЕ ПО СУДОВИ

ПОЛИЦАЕЦ ЌЕ МОЖЕ ДА ИСФРЛИ НАСИЛНИК, без разлика чија е куќата

Vecer | 02.07.2026

ПОЛИЦАЕЦ ЌЕ МОЖЕ ДА ИСФРЛИ НАСИЛНИК, без разлика чија е куќата

Владата подготвува револуционерни законски измени со кои полициските службеници ќе добијат овластување на лице место да изречат итна мерка доколку утврдат каква било закана за жртвата, особено кога се работи за семејно насилство врз жени и деца. Ова денеска од Струмица го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој нагласи дека целта е да се овозможи максимално брза и ефикасна заштита без административни одложувања.

Министерот појасни дека оваа мерка е целосно усогласена со Истанбулската конвенција и претставува исклучително силна и моќна алатка во рацете на полицијата. Според новите правила, итноста на случајот ќе му овозможи на полицаецот да реагира веднаш во домот, без оглед на тоа дали тој е во сопственост на жртвата или на сторителот, и веднаш да го отстрани лицето кое претставува потенцијална закана. Оваа итна мерка на полицијата потоа ќе мора да биде потврдена од Јавното обвинителство и од надлежниот Суд.

- Со тоа ќе дадеме една алатка на полицијата согласно Истанбулската конвенција којашто е многу силна и многу моќна и ќе треба тука да се спроведат одредени обуки, бидејќи не можеме таква алатка да користиме, а притоа соодветно да не ги обучиме полициските службеници. Навистина и овде имаме една револуционерна измена, едно револуционерно овластување кое ќе се даде на полициските службеници кое мора да биде потврдено потоа од ЈО и од Судот, но итноста на случајот ќе може да му даде овластување на полицаецот да реагира и од домот без оглед на тоа чиј е домот - дали е на жртвата или на сторителот за да го отстрани од домот тој што претставува потенцијална закана, рече министерот Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk