logo
logo
logo

Расте падот на бројот на првачиња во Битола: 548 запишани за новата учебна година

Основните училишта низ Битола бележат значително намалување на новите ученици

Vecer | 19.06.2025

Расте падот на бројот на првачиња во Битола: 548 запишани за новата учебна година

Во основните училишта низ Битола за учебната 2025/2026 година се запишани 548 првачиња – дури 219 помалку во споредба со минатата година, кога до октомври во прво одделение беа заведени 767 ученици. Од општинските институции потенцираат дека оваа бројка можеби ќе порасне, бидејќи дел од децата се запишуваат и во почетокот на септември.

Најмал е бројот на ученици во руралните училишта, но и во одредени централни училишта во градот. На пример, само 10 првачиња започнуваат настава во ОУ „Александар Турунџев“ во селото Кукуречани, 24 во „Кирил и Методиј“ во центарот на Битола, додека по 30 има во „Ѓорѓи Сугарев“, каде што најмногу учат ученици од ромската заедница, и во „Крсте Петков Мисиров“ во селото Бистрица. Најголемо запишување се бележи во училиштата во населбите Нова Битола и Педагошка, каде што во „Климент Охридски“ има 94 нови ученици, а во „Елпида Караманди“ 65.

Бројките покажуваат драстичен пад на првачињата во Битола во последните неколку години. Во 2024 година бројот беше за 39 помал од претходната, кога во 2023 година во прво одделение беа запишани 806 деца. Во изминатата деценија, според анализите, на територијата на Битола има загуба од преку сто нови ученици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk