logo
logo
logo

ПИЈАНИ, ПРЕБРЗИ И БЕЗ ДОЗВОЛА предизвикале 15.200 сообраќајни нереќи со 707 жртви!

Vecer | 15.02.2025

ПИЈАНИ, ПРЕБРЗИ И БЕЗ ДОЗВОЛА предизвикале 15.200 сообраќајни нереќи со 707 жртви!

Статистиките на МВР покажуваат дека во Македонија во последните пет години сообраќајните несреќи одзеле 707 човечки животи, а 38.136 луѓе се здобиле со повреди.

Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи, на ниво на државата, во последните пет години 7637 сообраќајки се предизвикани поради брзо возење, додека за 4151 причината била првенство на минување, 1634 сообраќајки биле предизвикани поради движење во спротивна насока од дозволената, а алкохолот бил фактор за 1769 несреќи.

Најголем дел од несреќите се случиле во главниот град. Во Скопје последните пет години брзото возење било причина за 3100 сообраќајни несреќи, а од 2019 до 2023 година алкохолот бил причина за 316 сообраќајки, додека поради непочитување на првенството на минување за истиот период се предизвикани 1634 сообраќајни несреќи, во кои загинале 181 лице.

За експертите загрижувачки се бројките на несреќи и загинати на патиштата, според нив причините за негативните статистики треба да се бараат во ниската сообраќајна култура, лошата патната инфраструктура, лоша патна сигнализација, непочитување на сообраќајните правила. Решение гледаат во системот сејф сити за кој сметаат дека трееба да се воведе во сите градови во државата.

-Постојат повеќе пропусти, како што е непочитување на патна сигнализација, лошо урбанистичко планирање, возила кои се движат по тротоарите, пешаци кои се принудени да одат по коловозот, бројни недоследности кои мора да се надминат, изјави универзитетскиот професор Никола Крстановски.

Негативните статистики и големиот број на загинати ги натера надлежните да ги заголемат контролите на патиштата, а беше иницирна и јавна расправа во Собранието каде министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави ригорозни мерки и казни, вклучително и одземање на возачката дозвола и возилото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk