logo
logo
logo

Во 2020 ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ЛИЦЕНЦА НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ 30 ТОНИ МАРИХУАНА

Vecer | 15.02.2026

Во 2020 ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ЛИЦЕНЦА НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ 30 ТОНИ МАРИХУАНА

Фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од селото Борисово на Тони Котев, на која ѝ беа запленети 30 тони дрога, во 2020 година добила одобрение од Владата за одгледување марихуана за медицински цели, изјави денеска на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во тој период Филипче е министер за здравство и тој лично ги одобрува лиценците за одгледување на марихуана, што значи дека не само што се знае и соработувал со Тони Котев, туку и му помогнал да го почне и работи овој бизнис. Дека Филипче заедно со Заев цврсто се бореше за овој бизнис говори и фактот што силно се заложуваше марихуаната да се користи и за лична потреба. Ај што поддржуваше легализација заедно со Заев, ај што даде 50 лиценци на лица блиски до него, Заев и СДС, туку и се залагаше за експорт на цветот од канабис – рече тој.

Петрушевски прашува дали поради тоа во 2022 година, власта на СДСМ го променила Правилникот за одгледување канабис и колкава сума требало да добие ова, како што рече, криминално дуо.

Тој го повика Јавното обвинителство да ја истражи поврзаноста на Заев и Филипче со дрогата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk