logo
logo
logo

Минчев со УНДП за унапредување на платформата за учење во јавната администрација

Vecer | 20.06.2025

 Минчев со УНДП за унапредување на платформата за учење во јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Армен Григоријан, Постојан претставник на УНДП, и со претставници од Одделот за инклузивен просперитет.

Средбата беше посветена на тековниот статус и напредок на платформата за управување со учење (LMS), како и на функциите кои ги нуди системот.

На состанокот, беа презентирани предностите кои беа остварени преку ангажманот на УНДП во развојот на платформата, а се истакна и подготвеноста за континуирана поддршка на Министерството за понатамошен развој и унапредување на системот.

Целта е да се обезбеди долгорочен и ефикасен систем за обука на административните службеници и да се придонесе за поголема инклузивност и професионален развој во јавната администрација.

Министерот Минчев изрази благодарност за соработката со УНДП и нагласи дека Министерството за јавна администрација продолжува да работи на модернизација и унапредување на капацитетите на јавните институции, особено во делот на образованието и обуката на државните службеници.

Средбата беше значајна за дефинирање на следните чекори и новите можности за подобрување на ефективноста на системот за учење во јавниот сектор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk