Порталот Офф.Нет пишува за говорот на омраза кон Србите изречен од пратеникот од СДСМ во Собранието.
Митко Трајчулевски, пратеник на СДСМ: „Со Стоилковиќ како министер, „српскиот свет“ добива губернатор во 80 македонски општини“.
Христијан Мицкоски, премиер: „Не ви пречеше Стоилковиќ кога го молевте да гласа за промена на името. Не ви пречеше да трчате на бања да го убедувате и да нудите сѐ и сешто за да гласа за промена на името. Тогаш не ви пречеше Иван Стоилковиќ?
Не ви пречеше кога трчавте по Скопје и по Куманово да го молите, да коленичите пред Иван Стоилковиќ да гласа за промена на името? И знам дека ве одби човекот затоа што има карактер, има достоинство“.
И покрај сите притисоци од СДСМ, пратеникот Иван Стоиљковиќ од ДПСМ не гласаше за промена на уставното име Македонија во Северна Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата