ВМРО ДПМНЕ уште во минатиот мандат започна изградба на автопатот од Охрид до Кичево. Обезбеди проект, пари за градење и перспектива да е заврши за три до четири години по завршување на мандатот на таа влада кон крајот на 2016-та година.

Владата на СДСМ/ДУИ, особено тогашниот премиер Зоран Заев и министерката Радмила Шеќеринска дочекаа започнат автопат и ветуваа, јавно, дека до 2022 автопатот ќе биде завршен. Но, до крајот на нивниот мандат во 2024-та не беше завршена ни половина од делницата, а особено не најкритичните градежни точки кои бараат најмногу време и пари. А СДСМ и ДУИ парите за автопатот ги потрошија па, згора на тоа, ја покачија цената на градбата за над 250 милиони евра а пат - не видовме.
Дека за да се заврши работата треба луѓе што ја знаат и луѓе што ја сакаат работата за да ја завршат наместо да лепат тендер врз тендер а работата да стои во место. Со доаѓањето на Алекдандсар Николоски за министер и Коце Трајановски за директор на јавните патишта, и тимот кој тие го формираа, организираа и надгледуваа решени се најкритичните градежни точки на автопатот на кој веќе му се гледа крајот.

Патем, применувани се градежни техники кои досега не се примениле во регионот за да се создаде безбедност на трасата и стабилност на патот и околината.

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем.

Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение – истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на работите на автопатот Охрид-Кичево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата