logo
logo
logo

ТРГНА КОНТРОЛА НА ЕЛЕКТРО ТРОТИНЕТИТЕ И МОПЕДИТЕ. Ред е да се доведат во ред

Vecer | 06.07.2026

ТРГНА КОНТРОЛА НА ЕЛЕКТРО ТРОТИНЕТИТЕ И МОПЕДИТЕ. Ред е да се доведат во ред

Учеството во сообраќајот со елекртични тротинети или мопеди, на малолетни но, и на лица под дејство на алкохол или необебзедени со кациги претставува сериозна закана за безбедноста на сите, и нивната и на пешачите и возачите на автомобили кои се обврзани со строги законски мерки.

Со примена на новите прописи и овие учесници во сообраќајот се онтролираат.

Вчера во периодот од 17 до 23 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Струмица, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, информираше Министерството за внатрешни работи.

– При контролата изречени се вкупно 70 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела.

Од нив, една мерка за возач на тротинет, пет мерки за измината важност на сообраќајна дозвола на мотоцикл, 31 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), три мерки за несоодветна категорија, три мерки за неистакната регистарска таблица итн.

Откриени се шест кривични дела, од кои едно малолетно лице, и истите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“. Одземен е и еден мотоцикл за измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци по член 344 од ЗБСП. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци – информираа од МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk