logo
logo
logo

ОД МИЗЕРНИ 20 ДЕНАРИ ДО ЧЕСНИ 7.000 ДЕНАРИ - Овозможивме подостоинствен живот за пензионерите, рече Мицкоски

Vecer | 02.07.2026

ОД МИЗЕРНИ 20 ДЕНАРИ ДО ЧЕСНИ 7.000 ДЕНАРИ - Овозможивме подостоинствен живот за пензионерите, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите споредено со тоа како било претходно.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино за тоа како го коментира растот на пензиите во последниот период истакна дека уште кога биле опозиција јасно ветиле дека ќе сторат се што можат во нивниот мандат за почеток да обезбедат линеарно зголемување од пет илјади денари за сите пензионери.

- Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме седум илјади денари линеарно зголемување - рече Мицкоски и додаде дека СДСМ и лица блиски до партијата се обиделе ова да го оспорат пред Уставниот суд и да ја испитаат уставноста на ова решение. 

- Но, она што за нас е важно е дека на голема група наши граѓани пензионери, со ова би рекол незначително линарно зголемување од седум илјади денари, во едно семејство во кое да речеме имаме двајца пензионери, тоа се 14 илјади денари плус, колку толку успеавме да го направиме подостоинствен нивниот живот, споредено со тоа како беше претходно – рече Мицкоски.

Премиерот изјави дека порано пензиите се зголемувале по десет, 15, 20 денари, а сега, како што рече, со овие седум илјади денари по пензионер колку толку успеале малку да ги санираат предизвиците, со кои се соочува таа категорија граѓани. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk