logo
logo
logo

СДС да не го брани КРИМИНАЛОТ ОД 800.000 ЕВРА на Заев, Филипче и Николовски

Vecer | 29.11.2025

СДС да не го брани КРИМИНАЛОТ ОД 800.000 ЕВРА на Заев, Филипче и Николовски

СДС очајнички ги брани криминалците од своите редови, како Трајан Димковски, кој по насока на Заев, Филипче и Николовски извршил отпис на 2000 тони јачмен и пченица, и го оштетил буџетот за близу 800.000 евра, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да се оградат и да го осудат ваквото девијатно однесување на Димковски, тие ревносно го бранат криминалот вреден 800 илјади евра. Во услови на глобална криза, за Заев, Филипче и Николовски приватниот интерес секогаш беше на прво место. Јавноста мора да знае, дали отпишале 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви, па преку Димковски овие продукти завршувале на црн пазар во соседна држава? Дали исто така, Димковски ќе одговара за сите овие тројца кои се прв ешалон на тогашната власт? Затоа ли Николовски е толку гласен деновиве? Дали во СДС има страв дека се одмотува клопчето и ќе се дознае вистината? – рече таа.

Андоновска со порака:

„Ако СДС сака да се реформира, мора да се огради и дистанцира од криминалците во своите редови, почнувајќи од Заев, Филипче и Николовски“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk