logo
logo
logo

Ја загрозил безбедноста на граѓаните

Спасовски „замижал“за нерегуларностите во техничкиот центар во Сарај каде поминал и автобусот на „Беса Транс“

Vecer | 13.12.2025

Спасовски „замижал“за нерегуларностите во техничкиот центар во Сарај каде поминал и автобусот на „Беса Транс“

Спасовски не ги презел мерките што бил должен да ги преземе, и поради ваква негрижа Македонија денес се соочува со последици кои никогаш не смееле да се случат.

За станицата за технички преглед во Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но Спасовски не го одзел нејзиното овластување навремено, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да реагира во предвидениот законски рок, тој чекал цели три месеци со што и овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од 5,5 милиони денари.

Уште потрагично е што екс министерот Спасовски постапил 3 дена по трагедијата во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица а автобусот на Беса Транс вклучен во несреќата, го имал техничкиот преглед токму во оваа станица во Сарај.

Дали трагедијата ќе можела да се спречи доколку Спасовски реагирал на време?

Дали Спасовски имал некаков договор со фирмата поради што ја игнорирал законската постапка?

Дали Спасовски чувствувал вина за несреќата па по три дена ја одзел лиценцата? прашуваат оид владејачката партија од каде порачуваат дека вакви тешки институционални пропусти не смеат да се повторуваат.

„Јавноста мора да знае кој стоел на позицијата задолжена да ја гарантира безбедноста на граѓаните, а тоа не го правел.

Правда и одговорност мора да има!- се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk