logo
logo
logo

МИНЧЕВ И ЦРВЕНКОВСКИ НА ПОСТИЗБОРЕН РУЧЕК

Vecer | 08.11.2025

МИНЧЕВ И ЦРВЕНКОВСКИ НА ПОСТИЗБОРЕН РУЧЕК

Поранешниот премиер, претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, вчера попладне е фотографиран во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Минчев, кој сега е висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја предводеше партијата.

Заедно со нив, на фотографијата е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.

Црвенковски со години беше надвор од политиката и е далеку од очите на јавноста, но периодов неколкупати беше во друштво на актуелни функционери и политичари.

Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со староновиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, а ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk