logo
logo
logo

НОВИ ТРИ ПРИЧИНИ ЗА КАТАСТРОФАТА НА СДС „Филипче се повлекува од Изборниот законик само заради својата лична кариера“.

Vecer | 09.06.2026

НОВИ ТРИ ПРИЧИНИ ЗА КАТАСТРОФАТА НА СДС „Филипче се повлекува од Изборниот законик само заради својата лична кариера“.

Предложените измени имаат за цел да го направат изборниот процес поефикасен и опозицијата да не го попречува донесувањето на законските решенија, повика потпретседателот на Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во емисијата „Топ Тема“ за Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик.

„Загрижува најавата дека тие планираат да го блокираат Предлогот на Изборниот законик, Предлогот за Изборниот законик во најголем дел опфаќа инкорпорирање на препораки на ОБСЕ/ОДИХР, тоа се препораки коишто ги прават изборите полесни, поефикасни за ДИК каде што СДС има претседател, и сметам дека таквите препораки и нови норми не заслужуваат политичка блокада. Доколку СДС и ДУИ во претходниот мандат правеа чести злоупотреби на европското знаменце за закони коишто немаат врска за усогласувањето на македонското со европското законодавство, јас како претседател на комисијата немам намера да дозволам закон којшто не доаѓа од таа област да се злоупотребува европско знаменце за да го поминеме или да избегнеме филибастеринг, тоа нека биде одговорност на опозицијата и нивното поведение“, рече Милошоски и додаде:

„Очигледно е дека СДС носи одлука спрема Изборниот законик заради желбата на претседателот на СДС да се заштити или да најде алиби од некој следен изборен пораз. Филипче се повлекува од Изборниот законик, од работната група само заради својата лична кариера“.

Милошоски обвини дека Венко Филипче и опозицијата не учествуваат активно во расправата за законите поврзани со Реформската агенда, посочувајќи дека опозицијата е речиси целосно отсутна од дебатите за реформските закони.

„Имаме дебата, не се законите спорни поминува јавна расправа, поминува комисиска расправа, доаѓаат на пленарна седница присутни се тука пратеници од опозицијата, не гласаат никако, ниту за ниту против ниту воздржани, а законот е од Реформската агенда, ниту пак некогаш бил присутен претседателот на СДС, Венко Филипче, ретки случаи да дојде и да даде своја забелешка, критика. Комплетно е отсутен од дебатите за Реформската агенда, и не ни гласаат“, рече Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk