Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов упорно сака да биде војвода, а се бори за социјалдемократите.
Добро.
ВМРО ДПМНЕ го пречекаа портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов со музика. На прес конференција на која Костадинов од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ бараше одговор за луксузните лустери кои завршија како донација во црквата во селото Љубанци, од „Белата палата“ му ја пуштија песната „Слушам кај шумат шумите“ во која се раскажува судбината на „Костадин Војводата“.
Музиката беше толку гласна, што Костадинов мораше да вика за да го слушнат новинарите.
Објавено на 09/04/2019
И да се вратиме денеска
Не е проблем тоа што ВМРО-ДПМНЕ не разбира политика. Проблемот е што не разбираат ни историја, ни идеологија, ни нација“, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Ова го пишувам не како противник, туку како социјалдемократ. Како човек што со љубов и длабоко разбирање ја познава историјата на македонската борба. Како некој што ја почитува вистината – и Преспанскиот договор како нужност и државнички чин. Не сум неутрален. Сум на страната на прогресот, на народот и на вистината. Затоа имам обврска да проговорам. ВМРО не е ваша сопственост. ВМРО не е ваш изум, ниту ваше право. ВМРО е во генот на Македонецот – како стремеж за правда, за национално достоинство, за социјална еднаквост и меѓуетничко разбирање. Тоа ВМРО било и ќе остане идеја што нè надминува сите. Секој што мисли дека ВМРО започнува и завршува со ДПМНЕ – ја навредува историјата“, вели Костадинов.
„Секој што мисли дека ВМРО е партиска ексклузива – му плука в лице на Гоце Делчев и сите идеалисти што го сонуваа народот како господар на својата судбина, а не како публика за дневна политика. Денешното ВМРО-ДПМНЕ не е ништо од тоа. Тие се само блед одраз на нешто што никогаш не го разбрале“, додава струмичкиот градоначалник.
– Ова го пишувам не како противник, туку како социјалдемократ. Како човек што со љубов и длабоко разбирање ја познава историјата на македонската борба. Како некој што ја почитува вистината – и Преспанскиот договор како нужност и државнички чин. Не сум неутрален. Сум на страната на прогресот, на народот и на вистината. Затоа имам обврска да проговорам.
ВМРО не е ваша сопственост.
ВМРО не е ваш изум, ниту ваше право.
ВМРО е во генот на Македонецот – како стремеж за правда, за национално достоинство, за социјална еднаквост и меѓуетничко разбирање. Тоа ВМРО било и ќе остане идеја што нè надминува сите.
Секој што мисли дека ВМРО започнува и завршува со ДПМНЕ – ја навредува историјата.
Секој што мисли дека ВМРО е партиска ексклузива – му плука в лице на Гоце Делчев и сите идеалисти што го сонуваа народот како господар на својата судбина, а не како публика за дневна политика.
Денешното ВМРО-ДПМНЕ не е ништо од тоа.
Тие се само блед одраз на нешто што никогаш не го разбрале.
Ветуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор – денес се кријат зад неговите придобивки.
Ветуваа нов договор со Бугарија – денес немаат ни став, ни предлог.
Ветуваа дека ќе ја вратат гордоста – денес не умеат ни внатрешно да стојат исправено.
Денес вие славите „нашата“ брилијантност – онаа за која не тепавте, не пцуевте, не осудувавте.
Како одеднаш стана договор за кој молчите?
Како Преспа стана прифатлива – без да побарате прошка од народот за лагата?
Не убедувајте дека сте фактор на стабилност, кога сте симбол на конфузија.
Единственото стабилно нешто во државата во моментот е вашиот пад – пад на знаење, став, морал.
Јас, како социјалдемократ, верувам во ВМРО – но вистинското ВМРО. ВМРО што се бори за работникот, за селанецот, за правдата, за држава која не се срами од своето име, туку се гордее со своите вредности.
А не во вашата карикатура што со уста е за Гоце Делчев, а со дела за партиска корист.
Историјата не се пишува со аплауз од партиски штабови, туку со жртва и одговорност.
Македонија ќе остане – не благодарение на вас, туку и покрај вас. – напиша Костадинов на Фејсбук.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата