logo
logo
logo

40 км од автопатот Охрид–Кичево ВЕЌЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА

Vecer | 06.01.2026

40 км од автопатот Охрид–Кичево ВЕЌЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, објави ноќно видео од делница на автопатот Охрид–Кичево, информирајќи дека 40 километри од автопатот веќе се пуштени во функција.

Тој изрази надеж дека голем број македонски граѓани токму по оваа сообраќајница ќе патуваат кон Охрид за време на божиќните празници, нарекувајќи го градот „Балкански Ерусалим“.

Николоски упати и честитки до сите работници кои, како што наведува, со посветеност и труд придонеле за изградбата на автопатот, посакувајќи им на граѓаните среќни празници – Бадник и Божиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk