logo
logo
logo

А КАКО СУДИИТЕ НА СДСМ РЕШАВАА ПРИТВОРИ за свои колеги?! Читале на портали и терале

Vecer | 20.01.2026

А КАКО СУДИИТЕ НА СДСМ РЕШАВАА ПРИТВОРИ за свои колеги?! Читале на портали и терале

Владимир ПАНЧЕВСКИ, екс претседател на Основен суд Скопје, објави:

Чудна сорта на “шарени судии” пријавена имотна состојба со долгови и кредити, а во ѕидовите милиони уштекани! Нема потекло нема основ, само купишта пари, земени врз нечија несреќа и судбини!

Обвинителството ги гали и негува судивчињата и обвинителчињата не дај Боже затворски притвор да добијат, туку дома да си одлежат за не дај Боже ако ги осудат воопшто некогаш!!!

ЗРЕЛИ СЕ ЗА ВЕТИНГ И ПРОВЕРКА НА ИМОТНАТА СОСТОЈБА, но не од досегашните органи кои очигледно не си ја вршеле работата!

Ќе се присетам само како за мене определија притвор тандемот судија Валентина Ѓорѓиевска и обвинителката Цветанка Богоевска двете од Велес!

Притворот што го определи Основниот суд во Велес, преку судијката Валентина Ѓорѓиевска, формално требаше да трае најмногу 30 дена. Тој беше определен на рочиште на кое јас не бев присутен и немав уредна достава, притвор определи без присуство на адвокат или поставен адвокат по службена должност, што е задолжително по закон. Во тој момент јас уште бев судија со активен имунитет, а Судскиот совет – кој мораше да биде консултиран – воопшто не беше вклучен. Ниту реагираше.

Судијката го изрече притворот уште на првото рочиште, без да има уредна достава, без проверка од МВР дали сум достапен, тоа не ги интересираше, притвор мораше да има нареди Заев, тогаш. Судот воопшто не примени други поблаги мерки за обезбедување присуство како што е законски на пример стражарно да ме приведе со полиција ако ете не сум дошол на судење. Но наредбата беше ПРИТВОР и веднаш се посегна по најтешката мерка. Притвор во затворски услови!

Обвинителката Цветанка Богоевска без трошка совест тогаш јавно изјави дека предложила притвор затоа што од медиумите слушнала дека сум бил разрешен како судија – без да го провери тоа. За ова никој никогаш не сносеше одговорност. Напротив, Богоевска стана главен обвинител во Велес, а Ѓорѓиевска – претседател на Основниот суд Велес и се уште до денес се на овие позиции.

Тоа е правдата во Македонија! И денес го чекаме Стразбур да и суди, ќе почекаме и ќе им пресуди но, дотогаш уште многу судбини ќе уништат овие “слободниве ѕидари”.

...

Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд во Скопје, во еден ден го снајдоа две зла, а ниту едно нема никаква врска со Специјалното јавно обвинителство. Денот му почна со уривање на дивоградба во центарот на Скопје, а му заврши со кривична пријава од колега судија за влијание врз судиско одлучување.

Панчевски и неговото семејство одлучија сами да ги урнат двата спорни ката од 560 квадрати, за кои општина Центар утврди дека се дивоградба. Тие пак тврдат дека доградбата е легална и поднеле жалба до Второстепена комисија, која доколку се усвои, семејството ќе бара обесштетување од локалната власт.

На крајот на работниот ден Панчевски го стаса уште еден проблем. Судијата Илија Џолев поднел кривична пријава против судија од истиот суд, за кривично дело поврзано со влијание врз судија, за да преземе одделни незаконски дејства. Подоцна медиумите обелоденија дека судијата кој се гони за влијание е токму Владимир Панчевски.

Панчевски стана проблем за власта на СДСМ и Зоран Заев во врска со случаи на Специјалното јавно обвинителство влегоа во судска процедура. Секојдневно има преписки со Катица Јанева која го посочува како кочничар на предметите кои ги отвори СЈО, а тој пак за обвинителите вели дека се нестручни и поради тоа немале успех ни резултатите во случаите кои досега ги отворија. 

Панчевски по тие притисоци од СЈО и СДСМ заврши со кривична пријава и смена од функцијата. Осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, наводно рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои според СЈО и судот и два случаи на Специјалното јавно обвинителство. За СЈО потоа се знае што бидна, затвор за Катица Јанева и распуштање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk