Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, ќе ја води официјалната македонска делегација на Самитот на НАТО кој се одржува денес и утре во Холандија, по покана од Генералниот секретар на Алијансата.
Во делегацијата се вклучени и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Покрај учеството на главните настани, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерални средби со лидери од други држави-членки на НАТО. На тие средби се очекува да се разговара за прашањата од регионалната безбедност, евроинтеграцијата и позицијата на Македонија во рамките на Алијансата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата