logo
logo
logo

„Ѓорче беше државник пред да постои држава, ние ќе ја довршиме неговата мисија - Македонија место за живеење, не за иселување“

Vecer | 27.06.2025

„Ѓорче беше државник пред да постои држава, ние ќе ја довршиме неговата мисија - Македонија место за живеење, не за иселување“

Ѓорче беше државник пред да постои држава, порача премиерот Христијан Мицкоски во денешниот говор по повод 104 години од смртта на Ѓорче Петров, кого го цитираше: „Нашето движење е народно, без разлика на вера и народност, а стремежот е кон автономија, кон самостојност и достоинствен живот“.

-Оваа реченица може да се најде и во нашата програмска визија. Да изградиме држава која не дели туку обединува, држава на сите, држава со иднина. И токму затоа денес со гордост ги градиме темелите на промените. Тие темели не се само камен и бетон, тие се правда, надеж, институции, систем што работи за народот. Се менува секојдневието, се менува начинот на владеење. И како што рековме и пред народот и пред историјата, доаѓа времето на Македонија, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека Ѓорче Петров веруваше дека борбата не е само територија туку за училишта, за граѓански права, за пишување книги, за свест, за достоинство.

-Денес не стоиме пред обичен историски лик. Стоиме пред стожер на македонската национална идеја, пред еден од столбовите на нашата револуционерна, идеолошка и државотворна мисла – Ѓорче Петров.

И токму затоа, денес кога ја подигаме државата од темел, кога ја обновуваме вербата кај народот, се потпираме токму на оваа мисла. Обединети, со свест и со јасна цел, ја движиме Македонија напред кон економија што расте, образование што вреди и институции што служат.Ние ќе ја довршиме неговата мисија. Ќе ја направиме Македонија место за живеење, не за иселување, ќе ја вратиме надежта. Ќе го вратиме достоинството, ќе ја изградиме Македонија како што Ѓорче ја замислуваше, со наши современи средства: знаење, чесност, визија и храброст., посочи премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk