logo
logo
logo

Потрошувачката на вода руши рекорди: 700 литри по глава на жител. Водовод апелира граѓаните совесно и рационално да ја користат водата

Vecer | 03.07.2025

Потрошувачката на вода руши рекорди: 700 литри по глава на жител. Водовод апелира граѓаните совесно и рационално да ја користат водата

Топлото време ги натера скопјани да трошат повеќе вода од вообичаено. Јавното преттпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека потрошувачката осебено се зголемува во попладненвите часови.

Официјалните податоци од мерењата на претпријатието покажуваат дека само на 23 јули дневната потрошувачка на вода изнесувала рекордни 356.000 кубни метри, што значи потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.

Од Водовод апелираат граѓаните совесно и рационално да ја користат водата.

– Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени – велат од Водовод.

Доколку пак се забележат диви приклучоци да се пријави во претпријатието на телефон  02 3073 010.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk